Tekst piosenki
[Vase Lu]
Со римата на Busta, flow-то пак го растам custom
Растур осети на настап, нема никогаш да каснам
Рап образ белам не со паста, целам да ве упропастам
Ова што го велам прави мајк-от да го гаснат
Мојата каса не е прасе туку вепар
Преполна со почит, skill-от MCиња тепа
Ако се фејк, лесно како peace of cake, нема makeup
Повикот е wake up за да сфатите колку се назад
Тие што се празни па се пунат ако мразат
Но не можат со ова, преголема е сила
Се прашуваш колкава, прати стилот е Godzilla
Додади на тоа Jason маска, killa, плус и Тексас пила
Во рацете на Goku, префлен во Super Saiyan
Со spirit бомбата во џеб спремна да експлодира
Но тоа не е се, успат рецитира гневен Tony Montana
Пред да биде упуцан и заврши крвав во фонтана
Па сите куршуми од тело негово извадени и ставени
Во пиштолот на момчето од пеколот со рогови пресечени
За да бидат повторно испуцани во формата на слогови
Испечени во фурната на Луцифер, додека бил нафуран
Ко Sauron со прстенот во Мордор, ѕвер, стоејќи над огнот
Гордо, нешто како Gordon Freeman со хебла vs. зомбиња
После ваков опис исходот на борбата не се спомиња
Играта на зборови рап пичките ги јебе, плус прави бед
Дека е ко црнечки со дилдо прикачено ко бајонет
Мозокот е Ајнштајн, Алберт, следат малверзации и Marvel
Од ритмови ill, кои се лесно возени ко Бетмобил
Нема лага, плус и бензинот е гага, со Robin се слага
Flow-to ако Bruce е мојот глас, а он мелодијата bass
Snare-от e Alfred, секат тука да ми служи
Kick-от batarang-от па знаеш што мојот рап ќе пружи
Vase Lu, Вредноста Апстрактна Секогаш Елоквентно
Лирикано Удира, создава пакост кога вокалот се судира
Со бранот звучен, односно цунамито boom-bap, сум накурчен
Сосема малку но ко повеќе делува
А можеби и повеќе треба кога не знае да спелува
Раперот квази, кој на патот лази, а притоа на пази
Што ќе каже, не морам да кажувам е лажен, и затоа поразен
Мојата вештина: оддели прв слог и тргни „Т” – ве шина!
За римите машина, следува тишина
Давам 3ка од под кош, Vase villain-от е лош
За вас секој ден е бош, а јас рокам како boss
Болен ко низ нос да дишам радијација
А Magic Johnson ми дарувал крв во тиња ситуација
Башка артист со артритис како Em што би рекол
Кога е со дузина од Detroit а ноќта им е пекол
Без извинување, токму така ова движи
Крајот ваш се ближи, не ве спасува ни ботот Ное
Дека ко Carter после прво куцање – со вас готово е
Поетов сака да кине се, така да идете у курац и погинете
Со закана лоша нема ништо да постигнете
Компонирам без компромис мојот компас е во мојот ирис
Гледам само право, сум алергичен на позерски рап мирис
А тука нешто смрди, осеќам некое време веќе
Тоа ќе го заменам со од гробот ваш ментален, цвеќе
А на погребот ќе нема никој освен јас
Тука ставам крај, мислам доста е за вас











Komentarze (0)